Се гради помалку од лани – само 495 стана

123
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Во септември годинава се издадени 219 одобренија за градење, што е за 1,4  проценти помалку во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.051.068.000 денари, што е за 42,6  проценти помалку  споредено со септемви минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (59,3  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11 проценти) за нискоградба и 65 (29,7  проценти) за реконструкција.

Од вкупно 219 објекти, на 149 (68 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (32 процента) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 495 станови, со вкупна корисна површина од 43.895 метри квадратни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...