Се гради нов трговски по теркот на Retail Park

На површина од 9.500 м2 и преку 300 паркинг места се гради првиот Retail park во Скопје. Cushman and Wakefield/FORTONMKA ексклузивен агент за изнајмување.

1144

По пример на Европските градови, свој Retail Park за неколку месеци ќе добие и Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

На површина од 9.500 м2 и купувачите ќе ги сретнат познатите модни брендови, потоа трговски ланци за техничка стока како и продавници за покуќнина и мебел. Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови НЕПТУН, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision KFC, ZEGIN. Исто така, во паркот се планираат и супемаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца на 2.500 м2.

„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето”- изјави Катарина Николов, од Cushman and Wakefield/FortonМКА.

Инвеститор на објектот е компанијата Али Тобако од Скопје, а отварањето е предвидено за јуни, 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...