Се гради нов мост во селото Ваташа

Покрај изградбата на овој мост ќе се изгради и пристапен пат до мостот, со цел жителите на с. Ваташа да можат безбедно да се движат.

135

Јавното претпријатие за државни патишта гради нов мост на реката Луда Мара во кавадаречкото селото Ваташа. Вредноста на инвестицијата е 480 илјади евра, обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Новиот мост треба да биде готов до февруари идната година.

Денеска увид на градилиштето направија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Како што забележавме, градежните работи се одвиваат добро и очекуваме новиот мост да биде завршен во предвидениот рок. Во делот на изградбата и реконструкцијата на патната мрежа сакам да споменам дека набрзо ќе започне да се реконструира регионалниот пат Кавадарци – Росоман. Исто така во тек е изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, а до ноември оваа година очекуваме да биде завршена рехабилитацијата на автопатска делница Неготино – Демир Капија – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека покрај изградбата на овој мост ќе се изгради и пристапен пат до мостот, со цел жителите на с. Ваташа да можат безбедно да се движат.

– Покрај овој проект, започната е и реконструкција на влезот на Кавадарци со средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Склучен е договор со Светска банка, така да набрзо ќе започнеме да го реконструираме и патот до Росоман. Работиме интензивно, како во Кавадарци, така и во другите општини – рече Китанов,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...