Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка, „се затрескал“ на прв поглед, и го зел и бројот, а кусо потоа му го украле телефонот, па сега очајно ја бара на интернет.
– На Ибица можеби ја запознав љубовта на мојот живот, но ми го украдоа мобилниот со нејзиниот број во него. Па доколку е тука некаде Стејси, 27-годишна козметичарка од Стоук која вози Мини, ја молам да се јави – напиша несреќниот Ден на Твитер, завршувајќи ја објавата со тажно лице кое плаче.
Разврската на оваа куса љубовна драма ќе ја дознаеме деновиве, доколку виртуелната порака стигне до Стејси и таа одлучи да го исконтактира вљубеното момче.