Џенифер Гејтс, ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, се верила со своето момче, со кого се заедно четири години.
Џенифер Гејтс, која дипломира на Стенфорд, ќе се омажи за 28-годишниот Наџил Насар. И Џенифер и Насар, кои се натпреваруваат во коњички спортови во Египет, родната земја на неговите родители, ја споделија среќната вест на Инстаграм.
„Најџел Насар, ти си единствен“. Апсолутно ме нокаутира минатиот викенд изненадувајќи ме на одлична локација за една од многуте споделени страсти … милион пати да,“, напиша таа.