Хрватскиот фудбалски репрезентативец Ведран Ќорлука и убавата хрватска пејачка Франка Балетиќ во саботата застанаа пред олтрот.
Малото истарско место Бале завчера било резервирано за големото славење на љубовта на Ведран и неговата долгогодишна партнерка Франка. Како и што се најавувало последните месеци, двојката својата шестгодишна врска ја круниса со брак.
Убавата пејачка блескала во раскошната венчаница со отворени раменици изработена од тантела, со потпис на познатата креаторка Каролина Херера. Франка подоцна се пресвлекла во комбинација со потпис на модното дуо еНВи. Нејзиниот избраник се определил за класичин костум кој одлично му прилегал.
За музичкиот дел на свадбената свеченост се погрижил Тони Цетински.
Откако со свршеникот Ќорлука присуствуваа на разни прослави по повод вицешампионското место на хрватската репрезентација на Мундијалот, на Франка и требало мало опуштање пред нивната свадба. Убавата пејачка која ја претставуваше Хрватска на годинашниот Евросонг, заминала во родниот Рабац. „Најпосле мир во ова лудило. Море, ти благодарам“, напишала Франка, објавувајќи фотографија на Инстаграм. По опуштањето следувала забава со пријателките.
Свадбената прослава се одржала во познатата вила во која се венчале и Нина Бадриќ и Северина.
ФОТО: Инстаграм