Се бара стечај за „Топлификација“

550

Во Основниот суд Скопје 2 Скопје одржано е рочиште по однос на поведена постапка за стечај на „Топлификација“ АД заради неплатен долг кон доверителот „Битар Холдингс Лимитед“. До закажаното рочиште за разгледување на условите за отварање на стечај, „Топлификација“ АД не успеа да го намири овој долг.

Дополнително, на рочиштето било утврдено дека во меѓувреме доставени се и нови барања за стечај на „Топлификација“ АД од поголема група доверители помеѓу кои и „Топлификација – одржување“, компанија-ќерка на „Топлификација“ АД Скопје.
Со тоа вкупните побарувања на подносителите на стечај на „Топлификација“ АД надминаа 1.5 милиони евра.

Следното рочиште за разгледување на условите за отварање на стечај на Топлифиакција АД судот го закажа за 6 септември 2018 година.
Неодамна Судот, постапувајќи по тужбеното барање за наплата на побарување во висина од 1.3 милиони евра од компанијата „Битер Холдингс Лимитед“, отвори претходна постапка за утврдување на условите за стечај над „Топлификација“ АД Скопје.

Беше назначен и привремен стечаен управник кој Судот го задолжи да го заштити имотот на „Топлфикација“ АД до донесувањето на конечната одлука за стечај, за да се избегне значително намалување на имотот, како и да се утврди начинот на кој може да се обештетат доверителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...