Се бараат нови пазари за македонските компании

На форумот беше презентриана бизнис климата во Република Финска, како и можностите за соработка со фински компании коишто го познаваат македонскиот пазар и бараат деловни партнери во Македонија.

110

Иако со Финска имаме трговска размена од 12 милиони евра компаниите се отворени за сорабтока со македонските. Покрај текстилот и пластичните изработки кои моментално се извезуваат во оваа земја, има можност за развој во другите сектори посебно ИТ технологијата, металната индустрија екологијата и преработувачката индустрија.

Ова беше речено на денешниот бизнис форумот на тема „Doing Business with Finland“, во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Финска во Република Србија и „Finnpartnership.

– Трговската соработка не е на највисоко ниво и се надевам дека денеска ќе изнајдеме нови начини и можности како да ја прошириме и зголемиме нашата билатерална соработка. Уверен сум дека како што ќе напредува пристапниот процес на Република Македонија кон ЕУ, сѐ повеќе ќе се зголемуваат нејзините економски со сите земјите членки на Унијата -изјави Амбасадорот на Финска во Србија, задолжен и за Црна Гора и Македонија, Перти Иконен.

Ова е прва од серијата деловни средби на СКМ меѓу македонските и финските бизнисмени, која треба да придонесе за изнаоѓање на нови можности за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Финска.

– Средбата со финските бизнисмени е резултат на серијата меѓународни контакти кои треба да ја подобрат соработката со европските земји и убава можност да се запознаеме со потенцијалите за соработка со Финска, која се движи по нагорна линија, но не е сѐ уште структурирана и константна, а имаме продукти и можности да ја избалансираме трговската размена која изнесува околу 12 милиони евра – рече Антони Пeшeв, претседавач на Собранието нa Стопанската комора на Македонија.

Според министерот за економија Крешник Бектеши, има голем простор за подобрување на соработката, со оглед на фактот што вкупната трговска размена меѓу двете земји е со релативно мал обем а и инвестициите исто така се на ниско ниво од 1,4 милиони евра за период од 1997-2017 година.

– Уверен сум дека овој бизнис форум ќе резултира со нови бизнис партнерства започнување на нови форми и проширување на секторите на соработка, што ќе придонесе за зголемување на целокупната трговска размена меѓу двете земји, но и нови инвестиции од Финска, како резултат на стабилното бизнис опкружување за инвеститорите, макроекономската стабилност и еднаквите, транспарентни услови за домашните и странските инвеститори, врз основа на законски уредени критериуми, со кои секој инвеститор однапред знае каква поддршка може да очекува од државата- рече министерот за економија Крешник Бектеши.

На форумот беше презентриана бизнис климата во Република Финска, како и можностите за соработка со фински компании коишто го познаваат македонскиот пазар и бараат деловни партнери во Македонија, а акцентот беше ставен на секторот за ИКТ, прехранбената и металната индустрија и животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...