Се анализираат можните видови субвенции при купување на нови возила

Владата ги задолжила Министерството за економија во соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили, да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање согласно предложената програмата.

125

Во насока на остварување на стратешките цели на Владата за заштита на животната средина, на вчерашната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата ги задолжила Министерството за економија во соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили, да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање согласно предложената програмата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...