Северна Кореја денеска истрела два „непознати проектили“ кои паднаа во море, соопшти јужнокорејската армија.
Проектилите биле истрелани од околината на Тонгчон во покраината Кангвон, југоисточниот дел на Северна Кореја и паднале во Источно или во Јапонско Море.
– Армијата ја следи ситуацијата и евентуални други лансирања – се наведува во соопштението од војската на Јужна Кореја.
Тоа е шесто лансирање на проектили од крајот на јули. Според севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун проектилите се „службено предупредување“ за Јужна Кореја и за САД поради нивните заеднички воени вежби.