Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин денеска повика на одржување нова средба меѓу неговиот американски колега Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, нагласувајќи дека подолгорочна стагнација во дијалогот ќе ја ослаби нивната желба за разговори за состојбата на Корејскиот Полуостров.
– Ако периодот без дијалог се одолговлече, тогаш може да ослаби страста за дијалог – изјави Мун за време на посетата на Осло, додавајќи дека е пожелно Ким и Трамп да се сретнат во блиска иднина.
Првата средба меѓу Трамп и Ким се одржа пред една година во Сингапур, при што беше постигната согласност двете страни да работат на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Трамп и Ким имаа и втора средба на крајот на февруари годинава во Ханој, која заврши без какво и да е договор и беше оценета како неуспешна.
– Со тоа што втората средба меѓу САД и Северна Кореја во Ханој не доведе до конкретен договор и по неа не видовме каква и да е иницијатива за трета средба на врвот… можам да кажам дека во суштина доаѓаме до еден вид ќорсокак – изјави Мун