Сестрата на Лука Лазукиќ, Ана Калиниќ, уште еднаш го изнесе на Фејсбук својот став за ситуацијата за која се зборува во целиот регион.
Наскоро бившата золва на Наташа Беквалац напиша дека станот пред кој кампуваат новинарите чекајќи го Лазукиќ не е негов, туку е нејзин.
„Мое семејство се мојот сопруг и неговиот син, никој нека не ме поврзува со некое друго семејство! Позната сум како невидено бестрашна личност, па немам проблем јавно да го изнесам своето мислење. Да бев против нечиј брак, ќе го кажев тоа, за мене да кажам такво нешто е смешка, но мене не ме интересираше Лука.
И, повторно, само за вашите очи: Ја поддржувам Наташа Беквалац и осудувам секакво психичко и физичко злоставување жени!!! Еве нешто што не е тајна, но веројатно не го знаете: Престанете да кампувате пред зградата и да барате луѓе што не живеат таму! Тој стан е во моја сопственост (катастарските книги се јавни) и никој освен мене и мајка ми нема право да живее или да се крие во него, ќе испратам луѓе од полицијата на Нови Београд и, ако некој се пријавил без мое знаење на таа адреса – ќе биде иселен! Со маж ми живеам во друг стан и никој нема право да се пријави на адресата на која кампуваат новинарите доколку не го пријавам јас!“.