Сергеј Скрипал излезе од болница

Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал денеска излезе од болница, два месеца откако беше отруен со нервен гас.

119

Поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал денеска излезе од болница, два месеца откако беше отруен со нервен гас.

Скришпал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери на 4 март и повеќе недели беа во критична здравствена состојба.

Јулија побрзо заздраве од нејзиниот татко и беше отпуштена од болница минатиот месец.

Скрипал и неговата ќерка се префрлени на тајна локација од безбедносни причини.

Велика Британија претходно ја обвини Русија за нападот врз Скрипал и неговата ќерка. Москва негира каква било вмешаност во инцидентот, што доведе до влошување на односите меѓу Русија и Западот. ми/12:06

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...