Сепак се тргува, Албанка и Турчин уапсени во Косово за трговија со човечки органи

194
Во Приштина се уапсени две лица за незаконска трговија со човечки органи и клетки и илегална трансплантација на органи, соопшти денеска косовската полиција, пренесе приштинскиот весник „Коха“.
Според полициското соопштение, уапсени се жена од Албанија и државјанин на Турција.
Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура.
„Пријавено е дека во истрага на Криминалистичката единица се уапсени двајца осомничени, турски државјанин и Албанка, кои се товарат дека незаконски тргувале со човечки органи и изведувале илегална трансплантација. По налог на обвинител против нив е почната редовна процедура“, се наведува во соопштението на полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...