Сепак не доаѓа? Таткото на Меган местото на свадбената церемонија го препушта на сопругата

Томас Маркл (73), смета дека неговата поранешна сопруга Дорија Рагланд треба да ја придружува нивната ќерка Меган на нејзиниот пат до олтарот на венчавката со британскиот принц Хари в сабота.

768

Томас Маркл (73), смета дека неговата поранешна сопруга Дорија Рагланд треба да ја придружува нивната ќерка Меган на нејзиниот пат до олтарот на венчавката со британскиот принц Хари в сабота, јавува „Дејли Меил“, повикувајќи се на неименуван извор.

Имено, пријателот на семејството кој претпочита да остане анонимен, вели дека Томас не сака да создава натамошни проблеми и да ја посрамотува неговата ќерка. Претходно, американските медиуми објавија дека Томас Маркл одлучил да не присуствува на свадбата, по тврдењата дека тој правел фотографии за една папарацо агенција и по двете обвиненија за силувања кои наводно се случиле во 1980-те.

Според гласините, има уште една опција – невестата да чекори сама до олтарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...