Членовите на машкиот бенд „БТС“ направија невидена сензација станувајќи првата јужнокорејска група која се искачила на прво место на американска листа на албуми, што покажува колку К-поп музиката (посебен музички правец кој потекнува од Јужна Кореја, а во себе вклучува не само поп-музика туку и рок, џез, хип-хоп, техно, фолк) го заразила светот.
Познати по својот младешки изглед и фризури што потсетуваат на „Битлси“, јужнокорејскиот бенд стана еден од најпопуларните и најпрофитабилни јужнокорејски музички извозни производи.
Сега влегоа во историјата како прв К-поп бенд на прво место на топ-листата на Билборд, со албумот „Сакај се себеси: солза“, кој е отпеан на корејски јазик.
За седумте члена на „БТС“ лани на социјалните мрежи се зборувало двапати повеќе отколку за Доналд Трам и Џастин Бибер заедно.
ФОТО: Твитер