Сенатот на САД не ги усвои законските измени за блокирање на воени операции во странство

144

Сенатот на САД денеска не ги усвои предложените измени на Законот за национална одбрана, со кои сенаторите ќе имаа право да ги блокираат воените операции на американската армија во странство.

„За“ измените се изјаснија само 41 сенатори или 19 помалку од неопходните 60 гласа за нивно усвојување.

Со измените се предвидуваше дека претседателот на САД ќе мора да побара дозвола од Конгресот за спроведување воени операции во странство.

Со сегашното законско решение, усвоено по нападите во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година, претседателот има право да носи одлуки за преземање воени операции во странство без одобрение од Конгресот. Врз основа на ваквите одреди, САД во изминативе речиси две децении спроведоа воени операции во Авганистан, Етиопија, Ирак, Јемен Либија и Сирија.

Пред гласањето за измените, еден од предлагачите, демократскиот сенатор од Вирџинија, Тим Кајне, ги повика своите колеги да го поддржат предлогот со образложение дека тој ќе ги спречи „поттикнувањето, охрабрувањето и заблуда за вклучување во трета војна на Блискиот Исток“, оценувајќи дека евентуална војна на САД со Иран би претставувала „колосална грешка“. сп/

2019-06-28 20:45:39, од Сашко Панајотов
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...