Сенатот го потврди Вилијам Бар за државен обвинител на САД

74

Сенатот на САД денеска го потврди изборот на Вилијам Бар за државен обвинител, кој исто така ќе биде и шеф на американското Министерство за правда.

Бар доби поддршка од 54 сенатори, додека 45 гласаа против неговото именување. До крајот на оваа недела тој може да положи заклетва.

Бар, согласно неговата функција, ќе биде задолжен за надгледување на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер во врска со соработката на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија за време на кампањата во 2016 година.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...