Сенатот го одобри Пол Накасони за директор на НСА и Киберкомандата

Сенатот го одобри и унапредувањето на Накасони во чин генерал. Тој го замени досегашниот директор Мајк Роџерс, кој се пензионира.

79

Американскиот Сенат ја одобри номинацијата на Пол Накасони, за директор на Национална агенција за безбедност (НСА) и на Киберкомандата на САД.

Сенатот го одобри и унапредувањето на Накасони во чин генерал. Тој го замени досегашниот директор Мајк Роџерс, кој се пензионира.

Накасони има значајно искуство во областа на кибер безбедноста. Тој имал високи позиции во разузнавачките служби, раководел и со Киберкомандата на американските копнени сили и учествувал во операции на военото разузнавање во Авганистан, во Ирак и во Јужна Кореја.

ФОТО: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...