| Вести денес: 0

Семејни кавги најверојатен мотив за нападот во Утрехт

141
ФОТО: МИА

Осомничениот за нападот во Утрехт, Ѓокмен Таниш, пукал во роднина поради семејни несогласувања, а потоа отворил оган и врз лицата кои се обиделе да му помогнат на нападнатиот, објави турската новинска агенција Анадолија повикувајќи се на роднини на напаѓачот.

При вооружениот напад во трамвај загинаа три лица, а деветмина се повредени. Холандската полиција како главен осомничен за нападот го идентификува 37-годишниот Ѓокмен Таниш, роден во Турција.

Полицијата не ја исклучува можноста дека пукале неколку лица, како и дека станува збор за терористички напад.

Напаѓачот сѐ уште не е уапсен. Припадници на антитерористичката единица опколија една зграда под претпоставка дека таму се крие напаѓачот.

Неколку часа по пукањето во трамвајот во Утрехт се слушнаа истрели на повеќе локации, како и во близина на џамијата.

Поради нападот во Утрехт затворени се муслиманските храмови, но и универзитетите и училиштата во другите холандски градови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...