Животот на Антарктикот не е лесен, посебно ако се има предвид дека во зима температурите се спуштаат и до минус педесет степени, па жителите понекогаш и по неколку недели не излегуваат од куќите.
Чилеанското село Вила Лас Естрељас се наоѓа на Антарктикот, а станува збор за истражувачка и воена база која е оддалечена илјада километри од првата поголема болница, па луѓето таму може да се доселат само ако веќе имаат оперирано слепо црево.
Тоа правило важи и за научниците и за војните лица кои главно ја населуваат оваа база, но и за нивните семејства. Во самото село има само неколку лекари, но никој од нив не е специјализиран хирург. Заради тоа, сите што ќе дојдат во селото мора да бидат подготвени на фактот дека итни операции не може да се изведат на лице место и се прилагодуваат на такви услови на живот.
Исто така, на жените кои живеат во овие бази не им се препорачува да забременат.