Селма Блер, ѕвездата од „Справување со бесот“ откри дека има мултиплeкс склероза

– ОК сум, но ми беше тешко да ја прифатам дијагнозата кога ми ја соопштија. Инвалид сум - напиша Селма на Инстаграм.

406

Четириесет и шестгодишната актерка Селма Блер боледува од мултиплекс склероза и одлучи оваа информација да ја сподели со јавноста со намера да им се заблагодари на сите оние кои и помагале во изминатите месеци, откако разбрала за својата дијагноза.

Ѕвездата од „Врисок“ и „Справување со бесот“ во исповед на социјалните мрежи напишала дека со години ги чувствувала симптомите, но дека дијагнозата и била поставена дури во август оваа година.

– ОК сум, но ми беше тешко да ја прифатам дијагнозата кога ми ја соопштија. Инвалид сум. Паѓам. Испуштам работи. Заборавам, а левата страна од моето тело бара упатства од расипан ГПС. Но, успеваме. И се смеам и не знам што ќе направам, но знам дека ќе дадам се од себе – напиша Селма на Инстаграм.

Кога и ја утврдиле дијагнозата, лекарите и рекле дека болеста ја има најверојатно 10 години.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...