До 9 февруари земјоделците од државата можат да аплицираат по активна мерката за модернизација на земјоделски стопанства од ИПАРД 2 програмата со која на располагање им стојат 12 милиони евра, истакна на денешната работилница за ИПАРД 2014-2020 во Крива Паланка заменик-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Абдуљ Селам Селами.
Промотивни кампањи за ИПАРД 2 денеска се одржаа во Куманово и Крива Паланка, а на работилниците присуствуваа голем број престтавници на земјоделски стопанства и индивидуални земјоделци.
– Североисточниот регион е препознатлив по претежната дејност во областа на земјоделието и ја промовираме програмата за модернизација на земјоделството со цел овој сектор што е исклучително значаен во регионот и државата да станат поблиски до европското земјоделство. Има голем интерес по двете мерки, мерка 1 која заврши, за која за прв пат е надмината границата на очекуваниот буџет од 13.2 милиони евра од кои 75 отсто се европски пари, додека 25 отсто се пари до националнито буџет. Имаме голем интерес во сите региони, а и во овој регион има бројни апликации. Активната мерка 3 нуди модернизација на целокупното производство и механизација, а рокот за поднесување апликации од 45 дена истекува на 9-ти месецов – додаде Селами.
Апликациите се поднесуваат во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), каде сите заинтересирани граѓани можат да добијат помош и насоки при аплицирање.
– Нашето минато како Агенција покажува дека досега се поднесени многу успешни, квалиеттни апликации, а канцеларии имаме во секој град. Нашите советници се отворени за сите земјоделци, и за ИПАРД и за Националната програма, се со цел овие европски пари да ги искористиме и да го прилагодиме нашето земјоделство кон европското – рече директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо МИцевски, во обраќањето истакна дека Кривопаланечкиот регион има потенцијали за развој на земјоделието, но исклучително важна е и инфраструктурата за пристап до земјоделските површини. Во таа насока, рече, многу важно е што со мерките кои ќе се отворат во наредниот период.