Секој трет српски средношколец од прва година се коцка

198

Секој трет ученик во прва година средно образование во Србија се коцка, покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Во текот на второто полугодие од учебната 2017/18 година, Батут во 101 основно и средно училиште во Србија, спроведе истражување за здравственото однесување на децата на училишна возраст, како дел од меѓународно истражување.

Резултатите од истражувањето покажаа дека најмалку 34,6 отсто ученици од прва година од средно училиште се коцкале барем еднаш, а во претходната година 27,5 проценти од нив, со поголема зачестеност меѓу момчињата.

Ивица Младеновиќ, шеф на Клиниката за болести на зависност од Институтот за ментално здравје во Белград, за „Блиц“ изјави дека резултатите од студијата биле поразителни.

– Од правна гледна точка, имаме Закон за коцкање што забранува коцкање на возраст под 18 години, што укажува дека доживеавме тотално фијаско во областа на спроведувањето на законот и искрено се надевам дека надлежните ќе одговорат – вели д-р Младеновиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...