Секој ден јадете по три урми, еве што ќе ви се случи по седум дена!

Ако досега не сте имале навика да јадете урми, овој текст ќе ви го промени мислењето.

2002

Урмите се толку здрави што се речиси неопходни во нашето мени. Тоа што се многу слатки и вкусни само им оди во прилог. Сè што е потребно е една недела, секој ден да јадете по три урми.

Еве што ќе се случи на вашето тело, ако го почитувате ова правилo:

1. Коските ќе ви бидат поздрави
Минералите што се наоѓаат во сувото овошје, како што се фосфор, калиум, калциум и магнезиум, ги јакнат нашите коски и се борат против болестите како што е остеопорозата.

2. Метаболизмот ќе работи како часовник
На метаболизмот му се неопходни влакна, а урмите изобилуваат со влакна. Урмите го спречуваат запекот, подуеноста и сето она што го попречува нормалното работење на цревата. Научниците докажале дека луѓето кои редовно јадат урми, немаат никакви проблеми со метаболизмот.

3. Ќе заборавите на стресот и депресијата
Урмите содржат витамин Б6, кој му помага на телото да создава серотонин, кој го подобрува здравјето на мозокот. Серотонинот го регулира вашето расположение, а норепинефринот се бори со стресот. Науката докажала дека ниското ниво на витамин Б6 е директно поврзан со депресијата. Колку повеќе Б6 внесувате во организмот, толку подобро ќе се чувствувате физички и психички.

4. Ќе „пукате“ од енергија
Урмите се богати со влакна, калиум, магнезиум, витамини и антиоксиданти, што ги прави совршена ужина. Тие даваат трајна експлозија на енергија, благодарение на шеќерите што ги содржат, како што се фруктоза и гликоза.

5. Срцето ќе ви биде благодарно
Студиите покажале дека урмите го намалуваат нивото на триглицериди и го намалуваат оксидативниот стрес, кои се ризични фактори за срцеви болести и атерогенеза. Урмите се богат извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар, како и од други болести поврзани со срцето.

6. Ризикот од рак на дебело црево е помал
Урмите ги штитат нашите црева од штетни бактерии и на тој начин го спречуваат ширењето на дебелото црево. Луѓето кои редовно консумираат урми имаат добри бактерии кои ја спречуваат појавата на рак на дебело црево.

7. Ќе заборавите на алергиите
Урмите се познати антиалергени. Ги спречуваат симптомите на речиси сите алергени.

8. Значително ќе ослабнете
Урмите имаат таков состав што го чистат телото од токсини, маснотии, го подобруваат варењето што доведува до губење на телесната тежина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...