За само една недела во Грција се регистрирани 17 нови смртни случаи од сезонски грип, а од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 23 февруари 2020, 77 лица починале од грип, покажува неделниот извештај на грчката Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
Од починатите 77 лица, 44 се мажи, 33 жени на возраст од четири до 91 година, а 72 односно 93,5 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.
За една недела седум лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019, се зголеми на 206 лица.