Седум ученици загинаа, а 57 се повредени во несреќа во Кенија

28

Најмалку седум ученици загинаа, а 57 се повредени при уривање на една училница во училиште во Најроби, главниот град на Кенија.

Портпаролот на кениската Влада го потврди бројот на жртви и повредени.

Локалната телевизија објави снимки на кои се гледа како припадници на Црвениот крст ги пребаруваат урнатините на училиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...