Често, особено во текот на летото, на луѓето им заглавува вода во ушите по капењето. Освен што е непријатна појава, постои и опасност од инфекција на увото. Со овие седум трикови ќе се ослободите од водата во ушите брзо без дополнителни непријатности.
Доколку со овие трикови не успеете да ја исфрлите водата од ушите и во нив почнете да чувствувате болка секако посетете лекар.
1. Направете капки од алкохол и оцет
Оваа мешавина ќе го ослободи протекот на водата од ушите и ќе спречи инфекција. Постапката е едноставна. Во мало шише ставете до половина алкохол, а во останатата половина бел оцет и капнете неколку капки во увото. Исцедете го тоа од увото со наведнување на главата настрана. Киселината ќе го разбие церуменот (ушниот восок) во увото и ќе го олесни истекувањето, а алкохолот ќе помогне во испарувањето на водата. Ова не смеете да го практикувате ако имате оштетено ушно тапанче.
2. Создадете вакуум во увото
Навалете ја главата на онаа страна на која увото ви е затнато, притиснете го со дланката, а потоа притискајте внатре-надвор. На тој начин ќе направите благ вакуум за извлекување на водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прстот. Свртете го увото надолу, во проблематичното уво ставете го прстот и брзо извадете го надвор. Повторувајте ја постапката додека не почувствувате дека водата излегла од увото. Прстот мора да биде чист. Обидете се и да го масирате увото во насока на стрелките на часовникот.
3. Исушете ја водата со топол воздух
Ако ви е при рака, употребете фен за сушење на косата. Наместете го на најслаба температура и поставете го на растојание од 30 см од увото. Топлиот воздух ќе поттикне испарување на водата од увото.
4. Скокајте на едната нога
Навалете ја главата на страната каде што увото е полно со вода, застанете на една нога и скокајте. Во исто време, повлечете ја ушната ресичка, затоа што тоа може малку да го прошири ушниот канал. Ако не сакате да скокате, обидете се да ја наведнете главата и само да ја повлекувате ушната ресичка.
5. Легнете и сметајте на гравитацијата
Легнете на стомак со затнатото уво надолу и останете во таа положба неколку минути. Гравитацијата би можела си да го направи своето, односно водата да истече од увото, бидејќи ќе ја пронајде дупката низ која треба да излезе.
6. Џвакајте или преправајте се дека џвакате
Коските на вилицата се наоѓаат во близина на увото и помагаат да правите движење како џвакањето на храната. Каснете нешто, ставете гума за џвакање во устата или едноставно импровизирајте. Во исто време наведнете ја главата надолу на страната на увото кое не е затнато со водата, па нагло свртете ја на другата страна.
7. Проѕевајте се
И проѕевањето помага како и џвакањето, бидејќи коските околу увото се движат. Тоа може да донесе олеснување, односно да ја помести водата и да ја поттикне да излезе.