Седум решенија за развој на Попова Шапка

Целосната физибилити студијата ќе биде објавена на интернет страницата на Владата.

538

Владата Тетово ќе даде мислење за седумте опции за развој на Попова Шапка кои се понудени во физибилтии студијата што ја презентира консултантската куќа Прајс Вотерс Хаус Куперс на вчерашниот настан во ски центарот.

– Физибилити студијата ни даде насоки кои ние како Влада ќе ги диксутираме со граѓаните и ЕСМ. Посочувам на три опции, една да има јавно приватно партнерство, втора концесија и трета потполна продажба на сместувачки и угостителски капацитети бидејќи работат со загуба. Идејата за јавно приватно партнерство е во оптек поради инвестициите што веќе ги правиме со патот – изјави министерот за економија Бектеши во Тетово каде што е на увид на неколку теренски активности.

Тој посочи дека во презентацијата е посочена и идејата за изградба на гондолна жичарница од Тетово до Попова Шапка.

– Според калкулациите на консултантите, изградба на гондола ќе чини 23 милиони евра. Наредната година ќе почнеме со проектирањето на гондолата што ќе чини 200 до 300 илјади евра, а потоа ќе одлучиме дали ќе одиме со јавно приватно партнерство или директна инвестиција на ЕСМ – рече Бектеши.

Целосната физибилити студијата ќе биде објавена на интернет страницата на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...