Седум нови држави на црната листа на ЕУ

294

Европската комисија предложи седум нови земји меѓу кои Саудиска Арабија да се стават на црната листа на ЕУ со држави што не се борат доволно со перење пари и финансирање тероризам.

За усвојување на листата, 28 членки на Европската унија имаат еден до два месеца.

Од листата е симната БиХ како и Гвајана, Уганда и Вануату.

Освен Ријад на листата се додадени Панама, Нигерија и четири американски  територии – Американска Самоа, Американски Девствени Острови, Порторико и Гуам.

На листата се и Либија, Боцвана, Гана, Самоа, Бахами, Авганистан, Северна Кореја, Етиопија, Иран, Ирак, Пакистан, Шри Ланка, Сирија, Тринидад и Тобаго, Тунис и Јемен

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...