Шведски суд денеска осуди едно лице од централна Азија на седум години затвор и протерување од земјата поради подготвување бомбашки напад во име на Исламска држава.
Пресудата е донесена врз основа на докази кои покажале дека осудениот се снабдил со хемиски материи кои можат да се искористат за правење експлозивни направи, оти следел упатства за правење експлозив, како и дека планирал да изврши напад.
Во декември минатата година за исто кривично дело беа обвинети три лица од централна Азија, од кои две без ослободени.