Седум лица се повредени при пукањето во ноќен клуб во американскиот град Риверсајд, Калифорнија.
Сите жртви беа примени во болницата.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек. Засега нема извештаи за уапсени поради пукањето.
Според телевизијата Ен-Би-Си, повредените се надвор од животна опасност.
Во моментот, кога се случило пукањето, во клубот имало прослава на Ноќта на вештерките.