Седат дома, а им расте платата

2133

Вработените во јавна администрација кои седат дома добија зголемување на платата за пет отсто, а ова го потврди и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

– Тие се многу малку, трансферите се одвиваат, нормално ако се вработени во јавна администрација покачувањето важи за сите. Проблемот со овие луѓе е се помал, бројот секојдневно се намалува, после цела деценија откако никој не го решил овој проблем, конечно доаѓаме до целосно решени – истакна Манчевски во емисија во ТВ21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...