Популарната opera buffo „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росинио ќе биде изведена во петок, во 20 часот, во салонот на Македонската опера и балет. Комичната опера во два чина е приказна за победата на младоста и љубовта.
Авторската екипа е составена од: диригент Иван Еминовиќ, режисер Урсула Хорнер (Австрија), Асс. режисер Љупка Јакимовска, сценограф Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, светло дизајн Васко Лисичов, концерт мајстор Верица Ламбевска, Асс. хор мајстор Јасмина Ѓорѓеска.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро – Маријан Јованоски, Розина – Билјана Јосифов, Гроф Алмавива – Благој Нацоски, Дон Базилио – Владимир Саздовски, Дон Бартоло – Невен Силјановски, Берта – Николина Јаневска, Фиорело – Кристијан Антовски, Амброзио – Саша Смилевски, Камениот човек – Борко Биџовски.
Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и online на www.mob.mk