„Северномакедонски јазик“ во документот на Транспорт бил техничка грешка

Од Министерството за транспорт и врски за Плусинфо изјавија дека  е направена техничка грешка при преведување на текстот на огласот од страна на службите..

2280

Употребата на „Северномакеоднски јазик“ во документ на  Министерството за транспорт и врски предизвика рекции на социјалните мрежи. Се огласи и Министерството кое тврди дека е направена техничка греша при преводот.

Имено во текстот на Оглас за техничка помош за реализирање на проекти за водоснабдување и канализација во земјава објавен во март годинава во еден дел пишува дека „проектот Снабдување со вода и собирање на отпадни води е подготвен на Северномакедонски јазик во согласност со законите и Уставот на Република Северна Македонија“.

Од Министерството за транспорт и врски за Плусинфо изјавија дека  е направена техничка грешка при преведување на текстот на огласот од страна на службите.

– Сакаме да потенцираме дека е очигледно дека станува збор за техничка грешка со тоа што понатаму во истата реченица, како и во остатокот на Огласот, стои македонски јазик- појаснуваат од Министерството за транспорт и врски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...