Севернокорејците во најголема тајност откриле што всушност мислат за Ким Јонг Ун

903

Што народот на Северна Кореа навистина мисли за Ким Јонг Ун? Дали мозоците во најзатворената земја на светот навистина се целосно испрани како тоа се чини од ретките контролирани тв снимки кои се пуштаат од таа држава? Дали народот на Северна Кореа ги мрази толку Американците или сето тоа е режимска пропаганда?

Многу прашања, но малку одговор. Причината е повеќе од јасна – разговорот со обичните граѓани на Северна Кореја е речиси невозмоѓжен. Корејците строго ги контролираат и туристите кои им доаѓаат, а приближувањето до обичните луѓе не е дозволено.

Меѓутоа, новинарката на ББЦ, Викторија Дербшајр успеала да разговара со двајца жители на Северна Кореа и ја претставила сликата на сегашната состојба во државата на Ким.

Секако, објавени се нивните лажни имиња, бидејќи ако се открие нивниот вистински идентитет, речиси е сигурно дека ќе завршат во еден од логорите, а можеби би биле и убиени. И не само тие, туку и членовите на нивните семејства.

Првата соговорничка за ББЦ била трговец под псевдоним Сун Хуи. Таа веднаш во првата реченица открила што му забележува на Ким Јонг Ун.

– Луѓето го критикуваат поради економската политика, бидејќи е лош бизнисмен. Народот тврди дека се однесува како нас, обичните луѓе, само со таа разлика што ни ги зема парите. Велат дека тој мал човек е вампир кој ги цица нашите пари – рекла Сун Хуи.

Таа живее со својот сопруг и две деца. Таа вели дека јадат три пати дневно кога работата и оди добро. Кога не оди, тогаш мешаат ориз со други житарки.

Таа работи на пазар, продава храна, облека и шверцувана бела техника. Се проценува дека од тие пазари директно или индиректно живеат речиси пет милиони луѓе, и дека режимот мижи на таквата трговија иако се коси со нивните комунистички правила. Причината зошто Ким не сака да ја уништи трговијата на пазарите е едноставна. Тој не сака да му се случи тоа што го доживеал неговиот татко – општ глад во државата и милиони умрени …

– Луѓето во последно време имаат сѐ подобро мислење за Ким, бидејќи нѐ остава на мир. Не ни се меша во работата, што и да работиме – рекла Сун Хуи.

Токму на пазар се слушаат секакви трачеви.

– На пазар слушнав за состанокот на Ким и американскиот претседател. Луѓето тука не знаат многу за тој состанок, но нивен заеднички став е дека Америка мора да се мрази. Ние сакаме да кажеме дека токму Американците се виновни за нашата сиромаштија, тие се виновниците за поделбата на двете Кореи

– Сун Хуи потврдила дека во нејзината земја во последно време се случуваат некои промени. Позитивни промени.

– Ни зборуваат дека луѓето од југот се добри, дека можеме да се согласуваме со нив… Исто така велат дека мора да живееме во мир со Американците и дека сите ќе имаме подобар живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...