„Северна“ се впишува на книжната десетденарка, распишан тендер за изработка

193

Народна банка почна со менување на името на книжните пари. Првата промена се реализира кај книжните пари од 10 денари. На крајот на минатиот месец Централната банка распиша оглас за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Се набавуваат 20 милиони парчиња од парите. Проценетата вредност на набавката е 62.000.000 денари, постапката е отворена, а критериум за добивање на договорот е најниска цена.

Понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...