– Вашингтон презеде казнени мерки дури осум пати против компании, поединци и бродови, не само во Северна Кореја, туку и во Русија, Кина и други трети земји – соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.
Министерството порача дека засекогаш ќе го блокира патот кон денуклеаризација на Корејскиот полуостров доколку администрацијата на САД мисли дека засилените санкции и притисокот ќе го присилат Пјонгјанг да отстапи од нуклеарното оружје.
– Тоа ќе биде најголема и погрешна проценка, а никој не сака таков резултат – се додава во соопштението.
Северна Кореја одговори откако САД во понеделникот соопштија дека вовеле санкции за тројца севернокорејски официјални претставници, вклучувајќи и висок помошник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, поради наводно кршење на човекови права.