Северна Кореја се закани дека ќе продолжи со нуклеарни проби

25

Северна Кореја денеска соопшти дека општата осуда за нејзините тестирања на балистички ракети ги смета како „голема провокација“ и се закани дека ќе продолжи со нуклеарни и ракетни тестови.

– Нашето трпение има граници, а осудата ја наведува Северна Кореја да се преиспита дали да го продолжи разоружувањето што го почна со цел да гради доверба со САД, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Европските земји во Советот за безбедност на ОН го осудија неодамнешното тестирање на балистичките ракети на Северна Кореја.

Нуклеарните преговори меѓу САД и Северна Кореја завршија минатиот викенд без успех.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...