Северна Кореја призна дека киднапирала 13 јапонски државјани и ги обучила за шпиони

Jапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека Јапонија ќе ги нормализира односите со Северна Кореја, само ако сеопфатно се решат повеќе прашања, меѓу кои и тоа за киднапираните јапонски државјани.

259

Jапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека Јапонија ќе ги нормализира односите со Северна Кореја, само ако сеопфатно се решат прашањата за севернокорејската нуклеарна и ракетна програма, но и прашањето за киднапираните јапонски државјани.

– Јапонија, Кина и Јужна Кореја мора да соработуваат со меѓународната заедница и изречно да побараат Северна Кореја да преземе специфични активности за денуклеаризација, односно да се откаже од оружјето за масовно уништување и од балистичките ракети – изјави Абе на почетокот на 75-минутната средба со кинескиот премиер Ли Кеџианг и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин во Токио.

Северна Кореја претходно призна дека киднапирала 13 јапонски државјани, пред повеќе од 10 години за да обучаваат шпиони, од кои петмина се вратиле во Јапонија.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...