Северна Кореја ја обвини Америка за „подготовка на криминален заговор за почеток на војна против Пјонгјанг“, неколку дена откако е откажана посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на таа земја.
Севернокорејсите медиуми пишуваат дека единици на американската војска стационирани на Окинава извршуваат маневри со цел „упад во Пјонгјанг“.
– Америка е презафатена со тајни военивежби со специјалните единици додека водат дијалог со насмевка на лицето. Пјонгјанг не може ништо друго туку да ги забележи двојните ставови на Вашингтон – пишуваат медиумите.
Според нив, таквите постапки докажуваат дека Америка подготвува „криминална завера за почеток на војна против Северна Кореја и извршување на злосторства кои заслужуваат немилосрдна божја казна“.