Северина се обидела да го убие Милан?

1203

Шокантен наслов дека пејачката Северина Којиќ се обидела да го убие Милан Поповиќ, таткото на нејзиниот дете, се појави на насловната страница на српски „Телеграф“ .

Пејачката експресно возврати дека не е убиец, туку само е мајка и е само Северина.

„Во судската борба за своето дете, од неговиот татко добив, покрај досега разни епитети и поставени „дијагнози“ и неслужбен статус на „убиец“ во обид на таткото на детето. Причината е едноставна… Таткото не успеа да добие веднаш и сега она што го зацртал од надлежните хрватски институции вклучени во постапката, па незадоволен и лут по вчерашното судење „пушти“ во јавност вест за обид за убиство од моја страна и тоа со помош на мојот сопруг Игор. Да не беше жално, ќе беше трагикомично со што се служат поединци во борбата на суд, а се без интересот кон своето дете“, реагираше Северина на Инстаграм.

Таа рече дека нема да поднесе тужба поради наведениот платен „оглас“ во медиумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...