Свиркачот на Трамп бара заштита

Според адвокатите, „одредени лица“ понудиле награда од 50.000 американски долари за какви било информации за идентитетот на свиркачот.

196
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американски официјални претставници презедоа мерки за безбедност за да заштитат припадник на разузнавачката служба, односно свиркачот чија изјава минатата недела предизвика процес за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Адвокатите на свиркачот во писмо до директорот на Националната разузнавачка служба изразија загриженост дека безбедноста на нивниот клиент може да биде загрозена откако Трамп посочи дека тој е шпион кој го извршил предавството.

Според адвокатите, „одредени лица“ понудиле награда од 50.000 американски долари за какви било информации за идентитетот на свиркачот.

Комитетот за  разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот минатата недела објави преработена верзија на алармантна жалба против американскиот претседател Доналд Трамп што доведе до истрага за Конгресот против него.

Истрагата се заснова на извештај на свиркач од разузнавачките служби на САД, во кој се утврдува дека претседателот ги злоупотребил „надлежностите на својата функција за да изврши притисок врз странска земја да се вмеша во изборите во 2020 година“ и оти државниот обвинител Вилијам Бар и Џулијани, најверојатно, биле дел од тие усилби.

Трамп демантира дека направил кривично дело. Тој повеќепати го опиша разговорот со Володомир Зеленски како „идеален“, нарекувајќи ги неговите критичари „предавници“ и изјавувајќи дека истрагата за импичмент е „пуч“ за негово отстранување од функција.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...