Свирепо ја убил сопругата, која отишла да се смират по барање на синот, хорор во Србија

Некои лица коментирале оти не било во ред што синот отишол со таткото во болница, додека мајка му лежела убиена на подот.

8563
ФОТО: Мирјана Чвориќ

Педесет и седумгодишниот Милорад Мијаиловиќ ја заклучил 51-годишната сопруга Бисерка и со кујнски нож ја убил. Потоа си нанел убоди во рацете и вратот, но преживеал, пренесува „Курир.рс“.

Злосторството се случило во саботата околу 21 часот во домот на Мијаиловиќ, кога таа отишла да го моли да се смират.

Несреќната Бисерка, како што велат соседите, пред неколку месеци го напуштила сопругот и отишла кај децата од првиот брак.

– Пред два дена се врати кај Милорад. Нивниот син, кој од неодамна е полнолетен, ја убеди да дојде, да се обиде да се смири со Милорад и да продолжат заедно. Таа прифати, сакаше да му даде уште една шанса на бракот – рекол сосед.

Тој додал дека Милорад во саботата ја заклучил вратата и го извршил убиството.

– Сигурно се расправале и тој го земал кујнскиот нож. Прво со ножот ја прободел по градите, а потоа ја заклал. И го пресекол вратот. Сосетката ми кажа дека ја слушнала жената како вика и бара помош. Синот и снаата најверојатно се обиделе да влезат, но било заклучено, па повикале полиција. Полицајците успеале да му го земат ножот на Милорад и да го спречат да се убие и себеси – рекол соседот.

Наводно, според зборови на соседи, имале пристоен живот. Биле родители на пет ќерки и еден син.

Една сосетка кажала дека Милорад ја тепал својата сопруга.

– Од нејзината свекрва дознав дека често ја тепал, па затоа и си заминала. Тој беше многу љубоморен, можеби и тоа беше причината за убиството – рекла таа.

Некои лица коментирале оти не било во ред што синот отишол со таткото во болница, додека мајка му лежела убиена на подот.

ФОТО: Мирјана Чвориќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...