Свештеник протеран од службата затоа што неговата сопруга победила на Мис на сексуалност ВИДЕО

Свештеникот Феодор Сапарикин рекол дека е „голем грев жената на свештеник да се експонира поради забава“.

232

Рускиот свештеник Сергеј Зотов е исфрлен од служба во Православната катедрала во Магнитигорск и префрлен во зафрлено село, откако неговата сопруга Оксана победила на натпреварот Мис на сексуалност.

На свештеникот му рекле дека неговата сопруга направила невиден скандал, а ќе се врати на служба во катедралата само доколку Оксана се покае за гревовите.

Зотов рекол дека сопругата знае каде згрешила , но атрактивната мисица не сака јавно да се покае и смета дека нема ништо лошо во изборите на убавина.

Свештеникот изјавил дека добива голем број закани од екстремните верници во неговото место. Од Руската црква не попуштаат во одлуката и бараат Оксана да ги отстрани и фотографиите на социјалните мрежи, на кои се фотографира со кратки фустанчиња и со длабоки деколтеа.

Свештеникот Феодор Сапарикин рекол дека е „голем грев жената на свештеник да се експонира поради забава“.

Како што рекол, Зотов „нема да биде рехабилитиран сè додека неговата сопруга не се покае“.
„Каков свештеник е тој кога не може да го контролира сопственото семејство“, навел тој.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...