Славниот илузионист, 45-годишниот Дејвид Блејн, е под истрага поради сомнение дека сексуално злоставувал две жени, велат извештаите во САД.
Детективите во Њујорк земале изјави од две наводни жртви, наведува „Дејли бист“.
Една жртва наводно изјавила дека Блејн ја нападнал во неговиот стан на Менхетн во 1998 година.
Блејн, кој не е обвинет, одбил да коментира, но за „Дејли бист“ изјавил дека полицијата не го контактирала.Светски познатиот Блејн со своите илузионистички трикови заработил милиони, а еден од неговите најпознати е оној кога е закопан во мраз.
Во 2003 година се заклучил во стаклена кутија на 44 дена во близина на „Тауер брајд“, каде жителите на Лондон, без воопшто воодушевување од неговиот трик, го гаѓале со бургери.