Во Македонска Филхармонија на 23 март светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, заедно со оркестарот на Македонската Филхармонија ќе приредат концертна ноќ за паметење.
Стефан Миленковиќ неколкупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап. Овој мајстор на виолина ја надгради исклучителната концертна кариера настапувајќи со најреномираните светски оркестри и музички уметници. Има издадено голем број носачи на звук, а значајна е и неговата хуманитарна работа.
Билетите за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба денес (23.01.2019) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и “Цвеќара Розе” – Веро 2.