Светска банка препорачува реформи и задржување на висококвалитетниот кадар

175

Светска банка очекува позитивен економскиот раст на Македонија годинава и следните години што главно го темели на тоа подобрувањето на потрошувачката и закрепнувањето на инвестициите тренд кој започна во последниот квартал од минатата година.Интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ може да ги забрза структурните реформи и да ја зголеми довербата на инвеститорите, а забрзаниот раст ќе помогне во фискалната консолидација Ова беше речено на презентацијата на Редовниот економски извештај на Светска банка за Западен Балкан.

Од Светска банка сугерираат да се продолжи со фискалната консолидација, воведување даночни реформи, подобрување на квалитетот и ефикасноста на социјалните трошења, рационализација на субвенциите особено во земјоделството, обезбедување одржливост на пензискиот систем, подобрување на управувањето со јавни финансии и јавните инвестиции.

Исто така, препорачуваат структурни реформи кои ќе овоможат забрзан раст и отворање на нови работни места. На планот на развојот на пазарот на трудот се очекува поголема вклученост на жените и младите како и равој на инфраструктурата која ќе овозможи нејзина мобилност.

– За среќа дел од реформите веќе се отпочнати или се во фаза на анализи од страна на владата што ќе развие добар раст – вели економистот во канцеларијата на Светска Банка во Скопје, Бојан Шимбов.

Но, според Светска банка еден од главните предизвици за Македонија  и за регионот ќе биде да се спечи иселувањето на високообразовани кадри. Податоците со кои располагаат покажуваат дека 25 отсто од популацијата во земјава е иселена. Покрај високообразованите, додаваат од Банката, карактеристично е и тоа што се селат и нискообразовани кадри што упатува на сезонско или целосно иселување.

Во регионот најголемо иселување има регистрирано од Косово и БиХ, каде што 50 проценти од популацијата емигрирало.

Според регионалната директорка во Светска банка за земјите од Западен Балкан Линда Ван Гелдер, растот во регионот е ранлив од домашни и надворешни шокови и дека поробусниот раст што го прогнозираат за следните години е условен од вистинска комбинација на политики и регулативи за намалување на ранливоста од шокови и за поддршка на растот.

Таа порача дека земјите од Западен Балкан мора да достигнат раст на ниво од пет проценти за да можат за 20 години граѓаните да го имаат просекот на граѓаните од Западна Европа.

– Доколку останат на сегашното ниво, ќе им требаат шест децении – рече Ван Гелдер.

Во Извештајот на Светска банка за Западен Балкан, растот на БДП е намален од 3,1 процент во 2016 на 2,4 проценти во 2017 како резултат на острата зима и на помалите инвестиции.

Податоците за земјава се дека лани е забележана стагнација на економијата,но се зголемила вработеноста и е забележан е и раст на платите и пензиите.

– Долготрајната политичка криза во Република Македонија го забави растот на БДП и го доведе до 0 отсто. Ова се одрази на значителниот пад на инвестициите – рече директорот на Канвеларијата на Светска банка во Македонија Марио Мантованели.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...