Македонката економија годинава ќе забележи расте од 2,9 отсто, наредната 3,2 отсто, додека во 2020 година од 3,3 отсто, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај. Македонската економија во 2018 година, според проценките на Баната, ќе ја заврши со раст на економијата од 2,5 отсто.
Според банката, македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот. Највисок раст во регионот ќе забележи економијата на Косово од 4,5 отсто. Под четири отсто раст ќе забележат економиите на Албанија (3,6), на Србија (3,5 отсто), Босна и Херцеговина (3,4 отсто) Црна Гора од 2,8 отсто.
Бугарската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто, додека на Хрватска 2,8 отсто.
Глобалната економија, пак, ќе забележи раст од 2,9 отсто во 2019 година и од 2,8 отсто во 2020 и 2021 година.
Евро регионот годинава ќе забележи раст од 1,6 отсто додека во наредните две години ќе порасне за 1,5 и 1,3 отсто.