Британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари, соопшти кралското семејство.
Имено, Маркл била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми.
– На принцот од Велс ќе му биде чест на овој начин да и посака добредојде на Меган Маркл во кралското семејство – се наведува во соопштението на Кенсингтонската палата.
Церемонијата започнува утре напладне по локално време или во 13 часот по македонско време.